-->
-->
Вардар одигра нерешено со Веспрем
-->
Во заостанат натпревар од 2.коло на регионалната СЕХА лига, македонскиот шампион Вардар одигра нерешено актуелниот првак во ова натпреварување Веспрем.
Вардарци од самиот почеток ја наметнаа својата игра и во 25-минута имаа највисоки 3.гола предност (12-9), кои сепак не успеаја да ги сочуваат бидејќи домаќинот направи серија од 3-0 и на паузата се замина со нерешен резултат 12:12.
Како го заврши првиот така го започна и вториот дел, па унгарскиот тим поведе и со 2 гола разлика (14-12). Сепак, црвено-црните, брзо се вратија во игра, а по четири минути одново го презедоа водството. До крајот на мечот се играше гол за гол, па конечниот резултат 24-24 се чини е најправен по сето прикажано на овој меч.
Најефикасен во редовите на нашиот првак беше Тимур Дибиров со 7 постигнати голови, а Алекс Душебаев постигна 4.
Табела: Татран Прешов 21 бод, Весперм 19, Вардар 19, Мешков Брест 18, Загреб 18, Нексе 12, Спартак 7, Војводина 5, Макс Струмица 2, Борац 1.
Во следниот меч од регионалната лига закажан за 2 декември Вардар за противник ќе ја има екипата Макс Струмица која во досегашните 9 одиграни натпревари има дури 7 порази а ниту еднаш до сега се нема радувано на победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола
-
Утре посвежо со локален дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и потопло