Фудбал
20. July 2015 - 13:58

Вардар не сака да шутира пенал-рулет!!!

Фудбалерите на Вардар во вторник од 20 часот го играат реванш-дуелот со кипарскиот АПОЕЛ во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. 

Црвено-црните се пред тежок испит против големиот фаворит но се свесни дека судбината е во нивни раце. Посакуваат било каква победа за пласман во следната рунда. Најлоша варијанта е пенал серија која е можна со само со резултат 0-0:
„Не ги споменувајте пеналите Во пеналите не е само до фудбалерот што шутира, туку се е психологија. Јас не сакам да играме 120 минути, но за тоа работевме месец ипол за да издржиме и 90 и 120 минути. Многу е пријатно да се игра пред полн стадион. Што повеќе навивачи и гледачи, толку поубаво е да се игра. Ние очекуваме позитивен резултат, ама фудбалерите како професионалци, морално е да го издржат притисокот“, потенцира Андреев.