Loading Video...
Ракомет
16. August 2020 - 14:38

Вардар и Еурофарм Пелистер во дуел за трофејот на турнирот во Струга

Последен натпреварувачки ден на 48-то издание на традиционалниот струшки ракометен турнир.
 
Главните фаворити за трофејот на годинашното издание на турнирот во Струга, екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, вечерва ќе го играат финалниот натпревар. Двата тима го потврдија приматот на фаворити и со максимални три победи ги освоија првите места во своите групи. 
 
Ова ќе биде добра можност да се видат рекомпонираните состави на двата тима во првата меѓусебна пресметка, а во исчекување на стартот на новата сезона. 
 
Финалниот дуел меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе започне од 21:15 минути. 
 
Во натпреварот за 3.место ќе играат Металург и Охрид (19:15 часот). 
 
За 5-место ќе се борат Бутел Скопје и Прилеп (17:15 ч.), додека вториот тим на Еурофарм Пелистер го освои 9 место победувајќи го домаќинот Струга со 23-21.