Вардар бара одлуката за одложување на мечот со Елеверум да се ревидира и мечот да се игра според предвиденото
Не можеме да влијаеме на одлуките на норвешките власти, но треба да забележиме дека секоја влада обезбедува исклучок за спортските тимови. Ние сме на позиција дека Вардар 1961 не бил еднакво третиран бидејќи ги направивме сите потребни активности за организација на натпреварот, вклучувајќи ги сите стандарди за здравствена безбедност во согласност со упатствата на ЕХФ и на локалната самоуправа, се вели во писмото на „црвено-црните“ како одговор на одлуката за одложување на натпреварот со Елверум.
Писмото ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани,
Ја добивме вашата одлука за одложување на натпреварот помеѓу Вардар 1961 и Елверум. Иако минатиот петок не известивте за можноста за одложување на натпреварот, сепак ние сме изненадени од одлуката и мора да забележиме дека оваа одлука е донесена без консултација со Вардар 196.
Како што е соопштено во официјалната информација, причина за одложување се можните проблеми за повторно влегување во Норвешка поради правилата на норвешката влада за карантин на патник што пристигнува од Република С. Македонија.
Во согласност со протоколите на Република С.Македонија, овој натпревар требаше да се игра без гледачи, а дополнително обезбедуваме редовно тестирање пред натпреварот и по натпреварот. Затоа ризикот е минимален и сметаме дека опцијата за играње на натпреварот мора да биде исцрпена. Тоа е редовна пракса во ЕУ, патниците кои имаат негативен PCR тест да не се бара да се стават во карантин.
Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961 бидејќи сме пред почеток на СЕХА лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елеверум. Од друга страна, Елверум имаше опција да го одложи својот натпревар во домашното првенство.
Ние би сакале, доколку е можно, одлуката за одложување да се ревидира и натпреварот да се игра според предвиденото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
