Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
Со гол во последната секунда ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Битола над Еурофарм Пелистер со 35-34 (17-16) во рамки на 5 коло во плејофот и го презедоа од актуелниот шампион водството на табелата во македонската Супер лига.
Во исклучително квалитетен и драматичен натпревар, Вардар 1961 водеше од самиот почеток, но до победата дојде дури во последната секунда, кога при резултат 34-34, прецизен беше Дмитро Горига.
Младен Крсманчиќ со 11 голови беше најефикасен во редовите на Вардар 1961, а по седум постигнаа Горига и Вуко Борозан.
Во редовите на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков со десет голови.
Со вечерашниот триумф во големото макеоднско дерби, прв на гостувањето во Битола по пауза од три години, ракометарите на Вардар 1961 го презедоа првото место на табелата со 12 бодови, еден повеќе од Еурофарм Пелистер на пет кола до крајот на сезоната во која во последното коло двата претенденти за шампионската титула ќе играат на теренот на „црвено - црните“ во Скопје на 8 јуни.
Ново на Сител
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје
-
Кривична за тројца полицајци од Полициската станица Кочани
-
Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга
-
Maшко лице се заканувал со остар предмет на малолетничка на подрачјето на Центар
-
21 годишник со „мерцедес“ удрил во двајца малолетници кои се здобиле со тешки телесни повреди