Вардар 1961 со пораз ја почната новата СЕХА сезона
Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 загуби вечерва во Скопје од хрватскиот противник Нексе со 24:25 (11:13) во воведниот натпревар од 11. сезона во регионалната СЕХА лига.
Во неизвесен натпревар во кој победникот беше одлучен во самата завршница, македонскиот претставник беше постојано во резултатска негатива во првото полувреме, која на моменти изнесуваше и четири голови разлика.
Вардар влезе поангажирано во второто полувреме и со серија од 4:0 поведе со 15:13. Во продолжението двете екипи постојано се менуваа во водство, а гостинскиот состав беше поумешен во завршницата и на крајот му нанесе пораз на македонскиот претставник во воведното коло во групата Б.
Куни Моралес и Тимур Дибиров со по пет голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“.
Во следното коло, во вторник, Вардар и гостува на новосадска Војводина.
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
