-->
-->
Ванковска и Јакимовски на чекор до 10.000 потписи
-->

Тече рокот во кој кандидатите собираат потписи. Според последните информации од ДИК најблиску до потребните 10.000 потписи се професорката Билјана Ванковска и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски. До 20 часот вчера Ванковска има собрано 9722 потписи, додека Јакимовски собрал 9265 потписи.
Сосема извесно е дека Ванковска и Јакимовски се следни кои ќе им се придружат на Димитриевски, Таравари и Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка. Останатите кандидати се се уште далеку од целта.
Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промовирани викендов за кога двете партии закажаа конгреси.
Крајниот рок за собирање на потписи е 8ми март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
