Ванхауте: Преговорите се движат во вистинска насока

Белгискиот експерт и медијатор во преговорите меѓу работните групи на политичките партии Питер Ванхауте попладнево изјави дека е изнајдено решение за поголем број од спорните точки и направен е прогрес за Изборниот законик.
Ванхауте, пред Клубот на пратениците каде се одржуваат преговорите, оцени дека дискусијата е конструктивна и изрази надеж оти во догледно време ќе се постигне договор. Соопшти дека предложениот закон за необјавување на прислушувани разговори и законот за заштита на „свиркачите“ ќе се разгледуваат и за нив решение ќе се бара до 20 октомври.
Ванхауте истакна дека преговорите за изборната регулатива се движат во вистинска насока и најави дека доколку има напредок ќе ја извести јавноста.
Во Клубот на пратениците во тек се преговорите на работната група составена од претставници на четирите најголеми политички партии, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав и посредувачот Питер Ванхауте.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
