Фудбал
2. July 2017 - 18:15

Ван Перси се сели во Кристал Палас

 
Ветеран Робин Ван Перси ќе се врати во англиската Премиер лига пишуваат медиумите на Англија. 
 
33-годишниот Холанѓанец, кој е поранешен играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, а актуелен член на турскиот гигант Фенербахче е пред трансфер во Кристал Палас.
 
Како што информираат англиските медиуми, новиот менаџер на Кристал Палас, Франк де Бур веќе разговарал со својот сонародник Ван Перси да се пресели на островот, иако тој има актуелен договор со Фенербахче.
 
Ван Перси кој две сезони игра во истанбулскиот клуб за Фенербахче досега постигна 36 гола.