-->
-->
Ван Дер Варт: Напуштањето на Тотенхем, животна грешка
-->

Искусниот холандски плејмејкер Рафаел Ван Дер Варт се уште жали што го напуштил Тотенхем во 2012 и се врати во Хамбург.
Холанѓанецот летово премина од Хамбургер во Бетис, а претходно имаше две одлични сезони во Тотенхем.
- Беше тоа глупава одлука, најглупава во мојата кариера. Жалам многу, бидејќи во Тотенхем ги поминав двете најубави сезони во кариерата. Бевме страшен тим, Бејл, јас, Ленон, Модриќ... Мислам дека бевме подобриот тим во секој меч. Ја контролиравме топката и уживавме еден покрај друг на теренот, изјави Ван Дер Варт.
Тој исто така е многу среќен што имал можност да работи со тренерот Хари Реднап. - Тој ни беше како татко. Се би дал за тој човек, бев многу тажен кога си замина., додаде Холанѓанецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
