Вакцинираните со Фајзер можат да се заразат со јужноамериканскиот сој на коронавирус
Научниците објавија голема студија во која што проучувале 400 испитаници кои биле позитивни на коронавирусот најмалку 14 дена пред вакцинацијата против истиот.
Јужноафриканскиот сој бил осум пати позастапен кај оние кои што ги примиле и двете дози на вакцината отколку кај оние кои што не биле вакцинирани.
Мутираниот јужноафрикански сој може да се пробие во човечките клетки по вакцинацијата со Фајзер, покажало големото истражување.

Научниците проучувале 400 луѓе кои што имале позитивен тест на коронавирусот најмалку 14 дена пред да ја примат првата доза од вакцината или пак двете дози од истата.
Јужноафриканскиот сој бил осум пати позастапен кај позитивните лица кои што ги примиле и двете дози од вакцината отколку кај оние кои што воопшто не биле вакцинирани.
Научниците од Универзитетот во Тел Авив според таквите резултати заклучиле дека вакцинта е неефикасна во борбата со јужноафриканскиот сој.
Јужноафриканскиот сој наречен и B.1.351, има мутации за кои што научниците стравуваат дека човечкиот имун систем нема да може да ги препознае или пак тоа ќе биде многу отежнато.

„Пронајдовме поголем процент на јужноафрикански сој меѓу вакцинираните луѓе по втората доза, во споредба со оние кои што не ја примиле вакцината“, вели истражувач од Институтот Тел Авив, Ади Стерн.
Британските научници предупредија дека јужноафриканскиот сој ќе стане доминантен во Велика Британија и истиот би можел да ја запре вакцинацијата и да ја врати земјата на почетокот од борбата со опасната пандемија.
„Daily Mail“ пишува дека јужноафриканската варијанта на коронавирусот го намалува дејството на вакцината за околу 50 отсто.
Исто така, тој сој на коронавирусот може да биде до 60 отсто позаразен од „оригиналниот“ сој на коронавирусот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот