Вакцини за службениците на Граничниот премин „Богородица
Вработените во сите службите на граничниот премин „Богородица“ добија вакцина против грип, со цел превентивно да се заштитат од болеста која лесно се пренесува преку контакт со заболени.
Од Регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија информираа дека на територијата на општина Гевгелија се потрошени преку 1.000 вакцини од кои половината за месното население, а другите за службениците на граничниот премин.
Вакцината ја примиле сите службеници од полиција на граничниот премин како и медицински и други екипи кои се ангажирани за прифаќање на бегалците во прифатниот камп за мигранти во Гевгелија.
Од Центарот за јавно здравје соопштија дека вакцината штити од трите форми на грип регистрирани на северната хемисфера или поточно од „свинскиот“, сезонскиот и грипот од типот „Б“.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички