Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?

Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци, а решенија бараат и Германци, Руси, Израелци и Канаѓани. Статистиките за бројот на заболени дополнително ги забрзуваат – до денес се потврдени повеќе од 416.700 заразени во светот, а умреле над 18.500 луѓе.
Светот се вклучува во таканаречено „солидарно испитување“ за потенцијална терапија против коронавирус – кое го покрена СЗО, а досега 10 земји го потврдија учеството во тестирањето на четири веќе познати лека. Меѓу нив е и „remdesivir“, експериментален лек развиен во текот на епидемијата на ебола во кој светската јавност денес полага најмногу надеж.
Првото излекување со ремдесивир го објавија Италијанците, откако пациент (79) години, заразен со вирусот Ковид-19, бил третиран со овој лек и потоа на двапати покажал негативен резултат на корона.

Здравствени и фармаколошки експерти, меѓутоа, моментално се скептични околу прашањето на однесувањето на секој од овие наведени медикаменти доколку се најдат во поширока употреба.
„Мораме да бидеме сигурни дека вакцината е апсолутно безбедна. Ќе ни треба барем една година. Ќе најдеме вакцина, но мораме да излеземе и да го направиме она што е неопходно“, рече извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан.
Како потенцијални, постоечките решенија последниве денови се спомнуваа и како лекови против маларија.
Кога ќе се појави лекот во поширока употреба?
Сите споменати лекови всушност се развиени за лечење на други болести, а моментално дури 39 проекти се пријавени дека работат на пронаоѓање вакцинапротив коронавирусот. Иако конкретно решение сѐ уште нема, во Кина и САД веќе почнаа клинички испитувања на доброволци, додека Русите тестираат прототипи на потенцијални вакцини на животните. До вакцина за широка употреба, меѓутоа, ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци.
Тоа го потврди Зигфрид Том од Сојузот на истражувачки фармацевтски компании во Германија, кој вели дека моментално многу фирми и научни организации низ целиот свет сакаат да развијат вакцина против корона.
„Тоа е добро, бидејќи колку повеќе фирми се ангажираат, толку се поголеми и шансите вакцината брзо да се произведе“, вели тој. Канадската компанија Медикаго, во која сопственичко учество од 30 отсто има Филип Морис, што е атипично за тутунска компанија, веќе повеќе од деценија интензивно инвестира во наука и технолошки развој, меѓу првите понуди решенија за третман на коронавирусот.
Оваа биотехнолошка компанија брзо дојде до решение затоа што како биоректор го користи растението тутун наместо кокошкини јајца, кои најчесто се користат при традиционалните изведувања на лекот.
Проектот на Медикаго е исто така меѓу неколкуте кандидати на кои ќе им бидат распределени 192 милиони долари за истражување во рамките на Стратешкиот иновациски фонд COVID-19 во Канада.
Германската фармацевтска компанија КјурВак, зад која стои Дитмар Хоп, германски милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Хофенхајм, својата вакцина ја очекува наесен.
Вакцина за „целиот свет“
Експертите посочуваат дека во услови на пандемија и трка меѓу фармацевтските компании, развојот на вакцината нема да трае повеќе години, како што вообичаено е случај. И нагласуваат дека лекот не смее да биде достапен само на привилегираните поединци или држави.
Токму затоа шпекулациите за потенцијалниот откуп на вакцината од страна на Трамп наидоа на голема осуда на глобалната јавност, а првиот човек на КјурВак, на кого наводно му се понудени пари, изјави дека, доколку им појде од рака да ја развијат, вакцината ќе биде достапна на целиот свет.
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
