„Вајтснејк“ пристигнаа во Скопје
Легендарните „Вајтснејк“ (Whitesnake) со приватен авион од Софија претпладнево пристигнаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“. По фантастично посетените концерти викендов во Загреб и во Белград, организирани од Авалон продукција и синоќешниот распродаден концерт во Софија, великаните на светската рок-сцена вечер во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат уште едно спектакуларно рок шоу, соопшти организаторот - Авалон-продукција.
Концертот на „Вајтснејк“ е во рамки на нивната Парпл-турнеја, на која го промовираат истоимениот албум (The Purple Album).
- За фановите од цела Македонија, Албанија, Косово и Грција, фронтменот на „Вајтснејк“, Дејвид Ковердејл, ветува енергична и незаборавна забава со култните хитови што ги отпеа своевремено со „Дип Парпл“ (Deep Purple), но и со своите најголемите хитови кои ја одбележаа светската рок-сцена во последниве четири децении, информира Авалон-продукција.
Вратите во арената „Борис Трајковски“ се отвораат од 19 часот. Концертот ќе го отвори бендот „Дед Дејзис“ (The Dead Daises) кој ги придружува „Вајтснејк“ на нивната европска турнеја, а легендарните рокери ќе го почнат својот настап точно во 21.30 часот. Авалон соопшти дека се уште има билети во продажба на www.kupikartizase.com и во „Југотон“.
Ново на Сител
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола