Вајгл: Ова е преодно решение, кое може да доведе до договор меѓу партиите
Европратеникот Иво Вајгл денеска изјави дека во Македонија претстојат сложени реформи на полето на подготовката на фер, демократски и транспарентни избори, и реформа на медиумите кои треба да бидат огледало на општеството.
Она што сега беше одлучено не е трајно, туку преодно решение, вели Вајгл, но може да биде добро за државата и да доведе до договор меѓу партиите ако тие бидат посветени на дијалогот и ги спроведат реформите кои ги обврзуваат сите да соработуваат.
- Претстојат сложени реформи на полето на подготовката на фер, демократски и транспарентни избори, реформа на медиумите кои треба да бидат огледало на општеството, а не некој кој стои настрана од игралиштето и само и аплаудира на едната страна. Како прагматичен политичар сметам дека секогаш е добро да се води процес со договор, со компромис, со заеднички одлуки, но еднакво е важно да се земе предвид заедничкиот интерес на државата и граѓаните и тој да влијае на одлуките кои се носат сега и во иднина, вели Вајгл во изјава за радио Слободна Македонија.
Со заедничко соопштение за состојбата во Македонија синоќа излегоа и тројцата европарламентарци Ричард Ховид, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои заедно со еврокомесарот Хан посредуваа во постигнувањето на договорот од Пржино. Тројката европратеници изразува загриженост поради неуспехот на четирите главни политички партии во Македонија да постигнат заеднички договор за надминување на политичката криза, која, како што наведуваат, се заканува да доведе до целосно пропаѓање на договорот од Пржино и значи сериозно враќање на загриженоста околу владеењето на првото, независноста на судството и медиумите, а сериозно го загрозува и евроатлантскиот пат на земјата.
Според Ховит, Вајгл и Кукан, договорот од Пржино – политичкиот дијалог во Парламентот, отчетност и реформите потребни за спроведување на изборите, остануваат најдобар начин за придвижување на земјата за излез од актуелната криза. Тие наведуваат и дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари и нивни соработници претставува кршење на договорот од Пржино и е спротивна на принципот на владеење на правото и градење функционална демократија. Ховит, Вајгл и Кукан истакнуваат и дека мора да му се даде недвосмислена поддршка на Специјалното обвинителство како главен сегмент на договорот од Пржино.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната