Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
Државата не размислува да го забрани користењето на Тик-Ток, фокусот ќе го стави на едукација на родителите и децата. Откако десетици деца завршија со скршеници на клиниките, се отвори прашањето во јавноста како да се спречи ова штетно влијание кај младите. Министерот за информатичко вели како либерална земја не може да си дозволиме да забрануваме социјални мрежи туку најави Центар за побезбеден интернет за деца. Опасните предизвици отсекогаш постоеле, но работа на државата е да превенира да не се повторуваат.
Популарниот предизвик од ТИК ТОК наречен „Супермен“ не е единствен пример во земјава.Пред две години малолетна девојка заврши со изгореници по телото по струен удар на железничка станица додека снимала видео качена на вагон. Претходно едно дете загина од струен удар додека беше качено на воз на станицата Миладиновци.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар