Вафа: Десетина цивили загинаа во ноќешните израелски воздушни напади врз Газа
Десетина палестински цивили, меѓу кои и деца, загинаа, а многу други се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, јави палестинската агенција Вафа.
Според известувачот, израелски авиони извршиле серија воздушни напади врз станбени области во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, а во тие напади загинале десет цивили, од кои еден новинар, а неколку луѓе биле повредени.
Цел на израелските воздушни напади била и џамија во градот Газа, каде што има и жртви, наведува Вафа.
Агенцијата наведува дека најмалку четворица цивили биле убиени во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Кан Јунис.
Според агенцијата, повеќе од 7.000 цивили загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел на 7 октомври, меѓу кои околу 3.000 деца и 2.000 жени. Покрај тоа, над 18.500 луѓе се повредени, а речиси 2.000 лица кои се водат за исчезнати се верува дека се затрупани под урнатините долж Појасот Газа.
Ново на Сител
-

Десет години од невремето и поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица
-

Потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8
-

50 казни во акциска контрола во Тетово: Одземен тротинет од дете кое превезувало друго дете
-

Артета: Понекогаш лош резултат може дури и да биде корисен
-

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино
-

Трамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме по оние што оддаваат предавнички информации
-

Пронајден мртов исчезнатиот германски турист во близина на грчкиот остров Сими
-

Регистрирани 20 пожари на отворено - 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
