-->
-->
В сабота се плива охридскиот маратон
-->

На 30-километарската патека „Климе Савин“, во водите на Охридското езеро, в сабота, во рамките на Гран при серијата на ФИНА ќе се плива Охридскиот маратон. Своето учество во маратонската трка го имаат потврдено 18 пливачи, по девет во машка и женска конкуренција.
Оваа година Гран при серијата на ФИНА има само три маратонски трки, првата се пливаше на 30.јули на езерото Сен Жан во Канада, втората е во Охрид, а третата во Неапол 4.септември.
Минатата година во Охрид победи Евгениј Поп Ацев, кој во Канада беше петти, каде најдобар пласман од макеоднските пливачи оствари ветеранот Томи Стефановски, додека Александар Илиевски беше деветти.
Овие тројца Македонски ќе пливаат и оваа година во Охрид, а покрај нив на листата се уште Аргентинците Акуилес Балаудо и Дамјан Блаум, Сточино Едоардо од Италија, Бразилецот Матеус Евангелиста , Симон Пистор од Германија.
Во женска конкуренција ја нема минатогодишната победничка Италијанката Аличе Франко, а настапот го имаат пријавено Силвие Рибарова (Чешка), Дариа Килик и Олга Козудуб (Русија), Рита Гарсија Ванеса, Геијо Пилар и Мори Викторија (Аргентина), Дина Левачиќ (Хрватска), Елена Лионело и Виченија Наваро (Венецуела).
Наградниот фонд на маратонот десет илјади долари, организатор е Пливачката Федерација на РМ, со поддршка на Општина Охрид, Агенција за млади и спорт и Капетанијата на пристаништата.
Стартот на маратонот традиоционално е во 12 часот од Св. Наум, а финишот на 30 километарската трка е на градското пристаниште.
Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
