В понеделник градските автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред
Поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември -Ден на независноста, в понеделник автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен
ред, информира ЈСП Скопје.
-Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници, соопшти ЈСП Скопје.
Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7:00 до 19:30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7:00 до 13:00 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат