Ужасно: Дух на девојче шета низ ресторан, камерите го снимија

На снимката се гледа како девојче трча низ ресторанот Вестра во Сан Франциско во 5 часот наутро во Ноќта на вештерките. Изгледа дека трча ком вратата пред да се сврти кон камерата. Ова што се случи неколку минути откако домарот ја заклучил вратата и ја завршил својата смена.
Камерите снимаат во ресторанот откако ќе се затвори, а исплашениот домар рече дека никакво девојче не влегло ниту поминало покрај него. Исто така девојчето не е пронајдено внатре кога се отворила вратата.
Ова не е првпат луѓето кои работат во овој ресторан да гледаат духови и паранормални активности на ова место. Всушност ова е снимено во собата која некогаш се користела за балсамирање, а некогаш ова место било погребална просторија.
Во минатото, работниците пријавувале дека слушале шепотење на мало девојче, мирис на парфем, славини кои сами се отворале и затворале.
Исто така пријавувале дека слушаат чекори. Се зборува дека таа соба е проклета, а некои работници одбивале да влезат во неа воопшто.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
