-->
-->
Ужасна исповед: „Ме силуваше сопругот, кумот и негов другар, а сето тоа го гледаше моето дете“
-->

„Ме силуваа сопругот, кумот и негов другар во викендица. Тоа се случи откако побегнав од дома откако сопругот ме претепа. Моето дете беше сведок на тој ужас.“
Со овие зборови Б.Т. во изјава за „Блиц“ од мало место во Војводина го опишува грозоморното семејно насилство.
Таа кажала дека нејзиниот 9-годишен син бил сведок на брутално тепање и силување, а нејзиниот сопруг тврдел дека „момчето треба да види како треба се функционира со жените“.
- Секојдневно бев малтретирана. Ме тепаше без причина, цело негово семејство го знаеше тоа. Молчев затоа што ми се закануваше дека ќе ме убие и мене и детето. Ме удираше со тупаници, ме клоцаше, ме посипуваше со топла вода, гасеше и цигари од моето тело, а понекогаш ми ставаше и лути пиперки во носот, - Б.Т. ја опишува тортурата низ која минала.
За членовите од неговото семејство вели дека се соучесници, бидејќи и пред нив ја соблекувал гола и ја тепал, а тие се смееле.
Сепак, оваа жена од страв никогаш не побарала лекарска помош, ниту пак го пријавила случајот во полиција.
Во јуни месец ме претепа и побегнав во викендицата. Таму дојде и ме силуваше, потоа кумот и на крајот негов другар. Кога завршија, ме претепа на главата ми стави вреќа ме качи во багажникот и ме донесе дома, - вели таа.
Случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко, веднаш откако дознал за ова монструозно дело.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
