Ужас во Индија: Сосед (21) намамил девојче (7) со слатки и пари и го силувал со шипка, лекарите се борат за нејзиниот живот
Седумгодишно девојче се наоѓа во критична состојба после брутално силување и повреди кои со метална водоводна шипка и ја нанел 21-годишен маж во источниот дел на Њу Делхи во Индија.
Девојчето, чие име не е наведено, го намамил во паркот Семапури во Њу Делхи со слатки и пари соседот, кој насилно и ја одзел невиноста, злоставувајќи ја со метална цевка.
Потоа деовјчето се вратило дома со обилно крварење поради што веднаш е пренесено во болница и ќе оди на операција.
Монструмот набрзо потоа е уапсен, го признал злосторството, а неговото семејство најостро го осудува.
Јавноста за случајот ја извести Свати Маливал, претседателка на Комисијата за жени во Њу Делхи, преку објава на својот Твитер налог.
Како што напиша, за девојчето се грижела само мајката и нивната материјална состојба била многу тешка, што силувачот го знаел и го искористил.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата