-->
-->
Ужас во Бачка Топола: Момче најден мртов во куќа на свој другар - се напил бруфен и легнал да спие
-->

Како што неофицијално пишуваат српските медиуми, завчера Андор бил на журка во Бачка Топола, по која не се вратил кај тетката каде што и живеел, туку отишол во куќата на другарот да преспие.
Ержебет (83), бабата на другарот на Андор за српски Курир вели дека нејзиниот правнук Валентин и Андор пред две вечери биле надвор, но долго не се задржале.
- Заспав околу 22 часот. За време на ноќта ме разбудија и ме замолија Андор да преспие во другата соба, бидејќи во собата на Валентин има само еден кревет. Не знам колку часот беше, прво зборуваа пред вратата, а потоа влегоа во соба и таму си зборуваа, а подоцна и легнале. Не знаевме дека детето починало, додека утрината не дојде неговиот татко да праша дали неговиот син е тука, зборува Ержебет со солзи во очите и продолжува:
- Околу 8 часот дојде таткото на детето и ме праша каде му е синот. Му реков да погледне во собата, бидејќи не видов дека стана. Таткото таму го најде во кревет, тој лежеше покриен без да мрдне. Таткото викна: „Стани сине“, но тој починал. Сите сме во шок, не знаеме што се случило, вели бабата и додава дека веднаш повикале полиција.
Другарот на Андор вчера бил во целосен шок. Тој вели дека завчера Андор и тој слушале музика кај него во соба и после тоа Андор рекол дека не сака да оди дома.
- Се пожали дека го боли глава, па се напи бруфен, за кој ми рече дека го нашол некаде и легнал да спие. Алкохол не пиевме, пиевме само сок. Утрината видовме дека е мртов, раскажува Валентин и додал дека Андор неодамна раскинал со девојата.
Тој дал изјава во полиција, а истрагата околу смртта е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок