Ужас во Америка: Во замрзнувачот на мајка му пронајде мртво бебе, ова е страшната вистина
Маж од американската држава Мисури во неделата повикал полиција бидејќи пронашол мртво бебе во замрзнувачот на неговата мајка.
Адам Смит (37)вели дека таа кутија цел живот ја гледал во замрзнувачот и секогаш мислел дека во неа се наоѓа нивната свадбена торта или некои други спомени.
-Се обидувам да сфатам како некој може да држи мртво бебе во замрзнувачот сите овие години, рекол Смит.
Полицијата се уште спроведува истрага и се очекуваат резултати од обдукцијата.
Адам раскажал дека кутијата била со големина како кутија за чевли и била замотана во кеса за чевли.
-Се сеќавам дека уште како дете се обидував да ја искинам кесата, но никогаш не успеав,рекол тој.
Неговата мајка починала на 21-ви јули, па после нејзината смрт Смит го чистел замрзнувачот и ја отворил старата кутија, па видел розев покривач, а под него ѕиркало мало стапало.
Тој се сеќава дека неговата мајка му рекла еднаш кога имал 7 или 8 години, дека нејзината првородена ќерка, кога би била жива би имала 21 година.
Затоа смета дека бебето пронајдено во замрзнувач би можело да биде неговата сестра, па тоа би значело дека телото е таму отприлика 50 години.
-Не разбирам како некој може да го чува сопственото бебе во замрзнувач и да не каже на никој за тоа цели 50 години, рекол Смит.
Ново на Сител
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра