Ужас: Одбојкарка родила бебе во тоалет и се вратила на натпреварот

Извесна кинеска одбојкарка се породила во училишен тоалет, бебето го оставила во блиската грмушка и се вратила на натпреварот, јавија државните медиуми.
Кинеска тинејџерка, како што се наведува, контракциите почнала да ги добива за време на натпреварот од женското одбојкарско првенство за млади до 18 години.
Бебето го пронашол случаен минувач кој ја следел трагата од крв по теренот за да ја пронајде и мајката, се наведува во полицискиот извештај.
- Ја видов на теренот додека се одмараше. Таа изгледаше добро по породувањето. Претпоставив дека има силен организам штом се породила за време на играње на натпреварот, сведочеше минувачот.
Новороденчето и мајката се пренесени во болница каде се утвди дека се добри, се додава во соопштението.
Вонбранчите бебиња во Кина обично се напуштени од родителите заради социјални и финансиски притисоци.
Политиката на планирање семејство во Кина подразбира драстични казни и за брачните двојки кои имаат повеќе од две бебиња.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
