Живот
13. January 2019 - 20:57

Ужас: Мајка ја пронашла мртва својата ќерка (16) во паркот, австриската полиција трага по нејзиното момче (19)

Тинејџерката Мануела К. (16) која исчезна во саботата во Винер Нојштат е пронајдена мртва во градскиот парк.

Таа претходниот ден отишла на забава, а кога не се вратила дома семејството во неделата тргнало во потрага по неа.

 
Нејзината мајка околу 10 часот го пронашла безживотното тело на ќерката недалеку од куќата, во Антон - Водика паркот. Како што соопшти полицијата, трупот бил покриен со лисја и гранки.
 

Според првичните резултати од истрагата, се претпоставува дека девојчето е задавено, но точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата. Исто така се претпоставува дека Мануела не е убиена во паркот туку дека тука е оставена, зошто се пронајдени траги од влечење.

Полицијата се сомнева дека во убиството е вмешано нејзиното поранешно момче Јазан А. (19) по кого интензивно се трага. Мануела со овој поранешен студент била во врска околу година дена, а му раскинала пред неколку недели. Наводно се обидела повторно да ја обноват врската.

Нејзината другарка вели дека нивнито однос бил далеку од складен и дека често се карале. Мануела имала неколку браќа и сестри, а живеела со родителите во Винер Нојштат.