-->
-->
Утрово снег само во Маврово, најстудено во Берово
-->
Утринава снежна покривка од 2 см е измерена во Маврово, соопшти УХМР.
Најстудено утрово е во Берово, -8 степени, -7 во Скопје Петровец и Крива Паланка, -6 Маврово, -5 Тетово, Куманово, -4 Скопје-З.Рид, -3 Виница, Дебар, Лазарополе, -2 Ѓуриште, Струмица, Крушево, Пожаране, 0 Прилеп, 1 Тополчани, Битола, Д. Капија, 2 Охрид, 3 Претор, 5 Штип, 6 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Во првата половина од ноќта во јужните делови од земјата беше значително облачно, а во северните ведро и студено. Во утринските часови облачноста насекаде се зголеми, така што времето е променливо облачно, на места со
слаб ветер од променлив правец. Само во Кр.Паланка дува умерен североисточен ветер.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево со умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Во јужните делови повремено облачноста ќе се зголемува . Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено значителна облачност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро