Утрово помеѓу велешко Кумарино и Иванковци изгоре блок со стрниште по жетва, пожарникарите навреме спречија да се прошири по околната шума
Утрово во 7:05 часот избувна голем пожар на стрниште помеѓу велешките села Кумарино и Иванковци кое било запалено од земјоделците по завршената жетва. Со брза и навремена интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес огнот бил изгаснат во 9:30 ,а со што било спречено да се прошири по околната шума.
-Во гаснење на пожарот на пожарникарите кои на терен се упатиле со едно возило-цистерна со вода им притекнале и шумар и месното население со трактори, информираат за МИА од ТППЕ Велес.
Со пожарот била зафатена површина од 7-8 хектари.
Од ТППЕ Велес апелираат до земјоделците да не ги палат стрништата по жетва, затоа што можат да предизвикаат пожари со несогледливи размери по околната шума, пасишта, па и да ги зафати и куќите кои се во нивна непосредна близина.
Од ТППЕ Велес со големи напори синоќа го изгаснаа и големиот пожар кој околу пладне избувна кај селото Џидимирци каде гореше ниско стеблеста дабова шума и стрниште на површина од околу 6 хектари. Во станицата на ТППЕ Велес пожарникарите по осумчасовна борба со огнената стихија се вратиле синоќа во 20:15 часот.
Тие апелираат до граѓаните за крајно внимателно движење низ шумите и да внимаваат со отпушок или слично да не предизвикаат пожари со несогледливи последици.
Ново на Сител
-
Приведен жител на неготинско село, сопругата го пријавила дека физички ја нападнал
-
Затвореник со лажни бугарски документи се обидел да избега во Грција
-
Автобус прегази 84 годишна жена во Илинден
-
Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени
-
Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“
-
Продолжува исплатата на паричните надоместоци за основците и средношколците
-
Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот
-
ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика