Утрово под нулата во цела Македонија
Минусни температури утрово се измерени во сите региони во Македонија. Најстудено со -11 степени било во Берово. Во Струмица и Битола се измерени -5, - 4 во Крива Паланка, Лазарополе и Пожар, -3 во Виница, Крушево, Тополчани, Демир Капија, Маврово, Гевгелија, Прилеп, Скопје и Тетово, -2 во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Кавадарци и Претор и -1 во Дојран, Охрид, Куманово и Дебар.
Снежна покривака има на Маврово 32 сантиметри, Лазарополе 24, Ѓуриште, Крушево и Пожаране 13, Берово 11, Пожар 10, Тетово 7, Битола и Штип 5, Тополччани 4, Струмица 3, Крива Паланка 1 сантиметар.
Во моментов времето е претежно облачно и тивко, во северните делови на земјава има слаб локален снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно, во северните делови ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер.
Највисоката температура во земјава ќе се искачи од 4 до 12 степана.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, предпладне со услови за повремен слаб дожд и снег. Попладне ќе има намалување на облачноста. Температурата ќе достигне до околу 8 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време.
Ново на Сител
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи