Утрово најстудено во Скопје - Петровец, Тетово, Берово и Струмица

Утрово најстудено е во Скопје - Петровец, Тетово, Берово, Струмица, -2 степена, а 12 сантиметри снег има во Маврови Анови.
До 07:30 часот, како што информира УХМР, измерени се -1 степен во Лазарополе, Битола и Демир Капија, 0 во Скопје - Зајчев Рид, Попова Шапка, Прилеп, Крива Паланка, Штип, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 во Претор, 2 во Маврови Анови и Охрид, 3 во Дебар и Крушево, како и 4 во Куманово и Виница.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје сончево, магливо и тивко. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
