Утрово најстудено во Куманово, најмногу дожд наврнал во Лазарополе

Утрово најстудено било во Куманово со измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија и Демир Капија каде се измерени 14 степени. Најмногу дожд наврнал во Лазарополе, најмалку во Велес.
Според УХМР, 7 степени целзиусови се измерени во Скопје–Зајчев Рид, Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 8 во Пожаране, 9 во Претор, Тополчани, Охрид, 10 во Тетово, Берово, Битола Прилеп Велес, 11 во Крива Паланка, Виница, 12 во Струмица, Кавадарци, 13 во Штип, и 14 Гевгелија и Демир Капија.
Најмногу дожд наврнал - 68 l/m2 наврнал во Лазарополе, 67 Попова Шапка, 56 Пожаране, 55 Тетово, 52 Претор, 51 Маврови Анови, 33 Крушево, 31 Куманово, 30 Битола, 28 Скопје–Зајчев Рид, 26 Прилеп, 25 Берово, 20 Скопје-Петровец, Струмица, 16 Гевгелија, 13 Крива Паланка, 10 Виница, Демир Капија, Кавадарци, 7 Штип, и шест во Велес.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Куманово, најмногу дожд наврнал во Лазарополе
-

Спречен обид за нелегално изнесување поголема сума девизи | ФОТО
-

Милевски: Потфрливме комплетно, не бевме на потребното ниво
-

По осум месеци од пожарот започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви, 38 обвинети
-

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК
-

И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
