Утрово најстудено во Битола -5, а најтопло во Дојран 4 степени
Утрово во земјава најстудено било во Берово и Крива Паланка каде се измерени -5 степени целзиусови, а најтопло било во Дојран со 4 степени.
Во Скопје Петровец и Маврово се измерени -4 степени целзиусови, -3 во Крушево и Лазарополе, -2 во Струмица, Тетово, Битола, Демир Капија, Штип, -1 во Прилеп, Охрид, Куманово, 0 Претор, Виница, Скопје Зајчев Рид, 2 Гевгелија, 4 Дојран.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 7 сантиметри во Попова Шапка и 4 во Маврови Анови.
Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Преку ноќта облачноста ќе се зголеми.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.
Ново на Сител
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава
-
Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море
-
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
-
Силекс потпиша 28-годишен Португалец
-
Приведен 21-годишен крадец од радовишко