Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети
Уставниот суд ја одржа првата седница без Елизабета Дуковска за која Управниот суд одлучи дека била незаконски избрана. На почеток од седницата, без да го спомне нејзиното име, претседателот Дарко Костадиновски рече дека се повлекува предмет кој според претходно изработениот план, бил во рацете на Дуковска. Според инфомрации на Сител, во изминатите години, таа работела на 100тина предмети, но дополнително ќе се утврдува колку останале незавршени и ќе ги наследи друг уставен судија.
Според Претседателката на државата, недозволиво било Дуковска да седне во уставниот суд при избор во кој останатите кандидати не добиле шанса да бидат гласани од членовите на судскиот совет.
Зараади заминувањето на Дуковска, Уставен веќе ја одложи расправата по Законот за употреба на јазиците, бидејќи таа беше судија известител. За останатите предмети кои се веќе завршени, од судот рекоа дека за нив нема да има правни последици.
По две години од изборот, Дуковска го напушти Уставниот суд со одлука на Управен кој утврдил дека Судскиот совет на седницата за избор гласал единствено за неа, но не и за другите двајца кандидати.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар