Утрово најладно во Берово, најтопло во Гевгелија

Утрово најстудено било во Берово, каде во 7 часот се измерени 0 степени, а најтопло во Гевгелија каде се измерени 15 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР информираат и дека 2 степени Целзиусови се измерени во Крива Паланка, 3 во Лазарополе, 4 во Mаврови Анови и Попова Шапка, 5 во Битола, 6 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија и Kрушево, 7 во Штип и Струмица, 8 во Охрид, Претор, Куманово, Виница во Кавадарци, 9 во Скопје-Зајчев Рид, и Прилеп, како и 11 степени Целзиусови во Велес.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
