Македонија
15. September 2024 - 9:57

Утрово најладно на Попова Шапка, измерени три степени

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка три степени, во Берово и во Лазарополе четири, во Крива Паланка пет, во Маврови Анови и Крушево шест, во Скопје-Петровец, Прилеп и Куманово осум степени, во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Кавадарци и Велес девет степени, во Тетово, Охрид, и Битола 10 и во Гевгелија 11 степени. 

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Куманово 7 л/м2, во Крива Паланка 6 л/м2, Лазарополе 3, Маврови Анови 2, Скопје - Зајчев Рид и Претор 1 л/м2. 

Времето во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево со мала, во западните делови со умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во југозападните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.