Утрово минусни температури на Попова Шапка, Лазарополе, Маврови Анови и Крушево
Утрово најстудено било на Попова Шапка со -4 степени Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Гевгелија.
Според Управата за хидрометеоролошки работи -2 степени се измерени во Лазарополе, -1 во Маврови Анови и Крушево, 2 во Крива Паланка, Претор, Охрид и Берово, 3 во Прилеп, Виница и Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Штип и Дебар, а 6 во Струмица, Демир Капија и Дојран.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 9 сантиметри, 6 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Лазарополе.
За изминатите 24 часа дожд најмногу наврнал во Демир Капија - 56 литри на метар квадратен, 50 во Гевгелија, 42 во Струмица, 35 во Берово, 32 во Виница, 31 во Крива Паланка, 29 во Маврови Анови, 27 во Скопје-Петровец, 24 во Штип и Ѓуриште, 23 во Куманово, Крушево и Дојран, 22 во Пожаране, 20 во Попова Шапка, 19 во Битола, 15 во Скопје-Зајчев Рид, 13 во Тетово, 7 во Прилеп, 6 во Дебар, 5 во Лазарополе, 4 во Тополчани и Охрид, а 2 литри на метар квадратен во Претор.
Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје времто ќе биде облачно и студено со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје