Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка
Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – 2 степени, каде исто така има најмногу снег, 31 сантиметар. Температурите во другите делови од земјата се над нулата и тоа во Гевгелија, Струмица и Берово се измерени нула степени, во Скопје – Петровец еден, во Тетово два, во Крушево, Лазарополе и Маврово три степени, во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп четири степени, во Куманово и Претор пет степени, во Битола шест, во Охрид седум, во Крива Паланка и Дојран девет, во Штип и Демир Капија десет степени.
Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно. Само во западните делови облачност се намали. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот беше најинтензивен во Штипско.
Времето денеска претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови ќе има повремен дожд проследен со умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Ново на Сител
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
