Утре завршува новогодишната кошничка
Утре завршува новогодишната кошничка која траеше еден месец и беше формирана на иницијатива на бизнис секторот. Вклучуваше над илјада производи, а надлежните очекуваа поевтинување на основните прехранбени производи за најмалку 10 проценти.
Бидејќи беше на иницијатива на бизнис секторот, немаше владина одлука, а Државниот пазарен инспекторат можеше да врши само мониторингот на цените во согласност со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно се гледаа цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истите производи кои биле во последните 30 дена.
На самиот старт на новогодишната кошничка имаше реакции од јавноста дека за сметка на одредени прехранбени производи коишто се намалени, значително поскапеле други производи кои не беа дел од кошничката.
Надлежното Министерство за економија и труд апелираше до трговците да се придржуваат до договореното, најавувајќи дека доколку тоа не се случи, ќе се активира одлука за замрзнување на цените или ограничување на маржите.
Од друга страна, Државниот завод за статистика обајви дека инфлацијата во декември лани е за 4,4 проценти повисока од истиот период во 2023 година и дека најголем скок има кај храната.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје