Loading Video...
Кошарка
4. July 2019 - 15:41

Утре во Скопје започнува ЕП за кошаркарски до 18 години

Од утре до 14 јули во Скопје ќе се одржуваат натпреварите во Б дивизијата не Европското првенство за кошаркарски до 18 години. 
 
На шампионатот на кој ќе учествуваат 23 земји, нашите јуниорки предводени од селекторската Жаклина Стојановска, ќе играат во групата Ц во која за противнички ќе ги имаат врсничките од: Романија, Ирска, Грција, Австрија и Словачка со кои ќе играат редоследно. 
 
Сите натпревари нашите јуниорки ќе ги играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а ќе ги започнуваат во терминот од 18 часот и 45 минути. 
 
Натпревари ќе се играат и во големата сала на истиот центар, како и во „Борис Трајковски“. 
 
Само првопласираните две селекции од групите ќе се изборат за место во 1/4_финалето, а пласман во А дивизијата ќе обезбедат трите најдобро пласирани од овој шампионат
 
Инаку покрај овој шампионат во август месец, Скопје ќе биде домаќин и на првенството за кошаркарки до 20 години.