Утре уште потопло од денеска
Времето утре ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Попладне, особено во западните подрачја ќе има појава на умерена облачност а во доцните попладневни часови не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи сосема на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 12 до 20, а највисоката дневна 32 до 39 степени.
УВ индексот ќе има особено висока вредност 9.
Во Охридско-Преспанскиот регион температирата на воздухот ќе достигне до 33 степена,
а во Дојранскиот регион до 38 степени.
СКОПЈЕ УТРЕ: во скопското подрачје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а највисоката дневна ќе достигне до 38 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Продолжува периодот на стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде на почетокот на следната недела кога на места дневната температура ќе надмине и 40 степени. Потоа ќе продолжи многу топлото време но температурите ќе се за степен до два пониски. Во вторник и во среда повремено ќе има зголемена облачност и ќе дува претежно југоисточен ветер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата