Свет
17. March 2022 - 16:24

Утре телефонски разговор меѓу Бајден и Си Џинпинг

Американскиот претседател Џо Бајден утре телефонски ќе разговара со кинескиот колега Си Џинпинг за руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.

„Ова е дел од неприкнатите обиди да се одржи линија на комуникација меѓу САД и Кина“, рече во изјавата портпаролката на извршната власт на САД, Џен Псаки.

„Двајцата лидери ќе дискутираат за ривалството меѓу двете земји, како и за војната меѓу Украина и Русија, но и други прашања за кои се засегнати двете страни“, вели Псаки.