Loading Video...
Кошарка
18. May 2021 - 17:07

Утре стартува разигрувањето за титулата

Откако во петокот се сретнаа во четвртфиналето на Купот, сега екипи кои го завршија првенствениот дел меѓу осумте најдобри, повторно ќе играат меѓусебни дуели, но овојпат во четвртфиналето од плејофот. 
 
Разигрувањето за титулата ќе започне од 17 часот со средбите во СРЦ Кале каде Работнички уесловно ќе биде домаќин на ТФЛ, односно во салата „26 Април“ во Гевгелија каде кавадаречки Еуро Никел ќе го пречека составот на Гостивар. 
 
Во терминот од 18:30 ќе започне и пресметката во Битола, меѓу Пелистер и Навико Академија ФМП, а првиот натпреварувачки круг ќе го заокружат МЗТ Скопје Аеродром и Куманово со натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, а што ќе започне од 20 часот. 
 
Четвртфиналната серија ќе се игра во два добиени натпревари, а според најавата вториот меч на програмата би бил во четврток, додека евентуалните мајсторки би се играле во сабота.