Македонија
29. May 2026 - 18:20

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се дижат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен.

Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

 

МИА