Loading Video...
Кошарка
1. October 2019 - 15:41

Утре прволигашите и МКФ решаваат, како по откажувањето на АВ Охрид

На пет дена пред стартот на новата кошаркарска сезона во нашата земја, Охрид остана без клуб 
 
Екипата на АВ Охрид се откажа од настап во Првата македонска кошаркарска лига. Иако Охриѓани летово направија добар тим доведувајќи во своите редови неколку квалитетни засилувања, а имаше и промена на тренерската позиција, сепак, главниот финансиер на клубот, реши да се повлече. 
 
Ваквиот потег доаѓа на само пет дена пред стартот на сезоната, која и онака требаше да стартува со 11 екипи. 
 
Ова е дополнителна главоболка за Федерација, која за утре има закажано средба со прволигашите на која треба да се разгледа, но и реши, што по новонастаната ситуација?
 
Ако се има во предвид, дека МКФ за следната сезона предвидува намалување на бројот на екипите во прволигашката конкуренција, тогаш по нештата на логиката ситуацијата е далеку полесна, па за очекување е дека оние десет тима кои останаа во конкуренција да решат во таа бројка да се игра и годинашниот шампионат. 
 
Доколку тоа се случи, а нема причина да не биде така, тогаш за очекување е дека ќе мора да биде направена нова ждрепка, а најверојатно и стартот на првенството да биде пролонгирано, по наместо претстојниот викенд да започне седум дена подоцна.