Утре прскање против комарци во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово
Авионско прскање против комарци утре од 4:30 до 9:30 часот ќе се изврши на териториите на општините од југоисточниот плански регион Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, соопштија денеска од службите за информирање на четирите локални самоуправи.
Во општина Гевгелија ова ќе биде трето прскање против комарци, откако претходно во април терестички беа третирани мочуришните предели кои се легла на ларви и во јуни беше изведено авионско прскање, а во општина Дојран утре по петти пат ќе се прска против комарци на територија од 300 хектари во атарите на Стар и Нов Дојран.
Прскањето против комарци во општините Богданци и Валандово утре ќе се изведе по втор пат во рамки на заедничката акција во југоисточниот регион.
Надлежните општински служби апелираа до сопствениците на пчели да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства неколку часа пред и по извршеното авионско прскање против комарците.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика