Утре продолжува конститутивната седница со избор на собраниски претседател
Претседавачот и поранешниот собраниски спикер Талат Џафери, попладнево дал налог на собраниските служби да бидат подготвени утре да продолжи конститутивната седница почната на 4ти август.
Џафери за ова ги известил сите парламентарни партии а на седницата треба да се направи избор на нов претседател на Собранието.
Како што потврди за Сител, поранешниот претседател на собранието се решил на ваков чекор откако шефот на државата Стево Пендаровски најави дека утре попладне ќе му го врачи мандатот за составување на нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Овој потег на Пендаровски за мене беше сигнал дека е обезбедено потребно владеачко мнозинство, бидејќи мандат според Уставот се дава на партијата односно партиите што имаат обезбедено мнозинство во Парламентот. Ако има вакво мнозинство ќе има мнозинство и за избор на претседатеел на Собранието“, вели за Сител Џафери.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење