Македонија
3. September 2015 - 13:37

Утре привремено без вода делови од Гевгелија

Поради поправка на дефект на главниот цевковод од регионалниот водовод Гевгелија-граничен премин, од 8 до 14 часот утре без вода ќе бидат бензинската пумпа ,„Шимов“ конзервните фабрики ,,Пајдаков“ и „Вори“ казината „Принцес“ и „Фламинго“, како и граничниот премин „Богородица“.

Јавното претпријатие ,,Комуналец“ од Гевгелија информира дека покрај корисниците од излезот на Гевгелија до граничниот премин „Богородица“ без вода ќе останат и населените места Богородица, Стојаково и Селемлија.