Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2018), сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Така, на 19.01.2018 година во периодот од 10,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“ до бул.„Кочо Рацин“.
Во општина Ѓорче Петров од 10,00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански Одреди“, десно по ул.„Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Во општина Аеродром од 10,00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце