Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 20.07.2021 (вторник), поради одржување на протестен марш во oрганизација на Здруженија на граѓани – коалиција „Менуваме“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Притоа, протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата на РМ, а потоа ќе продолжи до Собрание на Република Македонија.
Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“ и лево по ул.„Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
