Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 14 мај, во периодот од 09.00 до 12.00 часот, поради натпревар „Триоги Триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по одредени сообраќајници во Скопје.
-Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно, известуваат од МВР.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
